Комбо на денот: Женствено издание на Џејла Рамовиќ во парчиња од машката мода

Комбо на денот: Женствено издание на Џејла Рамовиќ во парчиња од машката мода

Објавена во: Мода // Moj стил

Познатата пејачка со оваа комбинација ги изненади сите...

Нејзините комбинации отсекогаш биле многу женствени и многу добро „спакувани“. На тоа сме навикнати уште кога првпат ја видовме во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Затоа оваа нејзина комбинација ги изненади сите.

Џејла овој пат облече отмено темно сако, со бела кошула и кравата, што некои корисниците на социјалните мрежи го опишаа и како „машки стил“. На главата имаше сива капа, позната како „newsboy“, а ни во оваа прилика не се откажа од еден неизоставен детаљ - обетките.

Нејзините обожаватели се согласија дека никогаш не ја виделе во вакво издание, и дека тоа дефинитивно е мажествена комбинација, која малку потсетува и на серијата „Peaky Blinders“.

Меѓутоа, исто така се согласија дека и во ова издание блеска.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: