Концертите се враќаат: Еве како ќе изгледа првата арена со физичко растојание
Во британскиот град Њукасл се отвара првата арена во кое ќе биде запазено физичкото растојание, „Virgin Money Unity Arena“, во која во наредниот период ќе се одржуваат концерти.
Арената има капацитет за 2500 луѓе и поседува 500 платформи на кои посетителите ќе може заедно да уживаат во концертите.
Музичката индустрија и понатаму трпи големи загуби, поради тоа што сите концерти и фестивали за оваа година се откажани, но можеби решението веќе е пронајдено.
Оваа нова арена ќе биде поставена на градските стази за трчање и ќе биде дизајнирана така што ќе бидат запазени правилата за физичко растојание.
Ќе може да собере 2500 луѓе, а ќе бидат поставени 500 внимателно раздвоени платформи, на кои љубителите на музика ќе може да престојуваат - икслучиво со претходно одбрано друштво. Внесувањето на храна и пијалоци нема да биде дозволено, но преку апликација ќе може да си нарачате грицки, кои ќе ве очекуваат на платформата.
Во арената под ведро небо ќе настапат неколку големи изведувачи, чии имиња наскоро ќе бидат објавени.
Посетителите во секој момент ќе мора да бидат разделени на 2 метри и на концертот ќе може да дојдат само со автомобил, а ќе им бидат обезбедени и паркинг места. Сите ќе носат маски и ракавици, а секој ред ќе има и тоалет.