Конечно е откриено колку децата може да го шират коронавирусот: Еве колку се заразни
Децата се помалку заразни од нивните родители и со тоа сигурно помалку го поттикнуваат ширењето на коронавирусот, покажаа првичните резултати од студијата претставена од проф. д-р. Клаус Мајкл Дебатин, директор на Клиниката за деца на Универзитетот во Улм.
За оваа студија научниците од четири германски универзитетски клиники - Хајделберг, Улм, Фрајбург и Тибинген - од април тестирале околу 2.500 деца и нивните родители на атитела на коронавирус.
Дебатин истакнува дека тоа е најголемата студија во светот на оваа тема, која ја претстави на прес - конференцијата на Владата на провинцијата Баден - Виртемберг, која патем одлучи да ги отвори училиштата на 29 јуни.
Научниците со своите сознанија го привлекоа вниманието не само на политичарите, туку исто така ги негираа поранешните претпоставки за децата и коронавирусот.
Тие велат дека можната причина поради која децата помалку го шират коронавирусот може да се најде во тоа што имаат помал „рецептори“ на кои вирусот може да се „закачи“.
Нивниот имунолошки систем во грлото е посилен во одбрана на короната, наведуваат научниците.
Извор: telegraf.rs