Конфлик во семејството Ражнатовиќ поради покојниот Балашевиќ: Цеца и Анастасија тагуваат, Вељко огорчен
Несогласување околу трагичниот настан на балканската музичка сцена...
Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ не напушти на 19 февруари на 67 - годишна возраст.
Смртта на музичарот, која ја погоди како домашната, така и регионална публика, го револтираше Вељко Ражнатовиќ, а тој својот став го искажа преку социјалната мрежа Инстаграм.
Зборовите на синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ја налутија пејачката Јелена Карлеуша, која започна војната со наследникот на фолк дивата.
Интересен е фактот, што Цеца и нејзината ќерка Анастасија, како и поголемиот дел од Србија, со голема тага ја прифатија веста за смртта на Балашевиќ и двете со емотивни пораки се простија од него.
„Збогум, легендо!“ - напиша пејачката Анастасија Ражнатовиќ и додаде емотикон од скршено срце, а еве како се збогуваше Светлана Ражнатовиќ:
„Панонски морнару, плови по мирните мориња на Царството Небесно. Почивај во мир.“