Констракта има двојничка во Скопје: 2-годишната Фрида комплетно ја ископира „здравата уметница“ (ФОТО)
Уникатна првоаприлска маска...
Една од најпознатите пејачки во моментот Ана Ѓуриќ, односно Констракта откако победи на српскиот избор за „Песна на Евровизија“ е инспирација за многумина. Во градинките и училиштата го копираат нејзиниот настап за песната „In Corpore Sano“.
Дека е одлична инспирација, говори и тоа што на денешната Априлијада се појавија фотографии на кои 2-годишната инфлуенсерка Фрида, се има маскирано во Констракта. Имено, мајката на младата скопјанка се потрудила на својата наследничка да ѝ најде бел костим како оној на констракта, секако со сличниот цветен аранжман, а шминката и фризурата даваат дополнителен ефект во целата приказна.
Фрида дефинитивно е помала верзија на Констракта, а како изгледа погледнете на фотографиите во продолжение:
Фото: Принтскрин / Инстаграм