Корисниците на ТикТок воодушевени: Актерката од „Сам дома“ го рекреираше познатиот вресок
Најпознатата мајка од филмскиот божиќен класик, Кејт, повторно не насмеа. Кетрин О'Хара, актерката која сите ја гледавме како мајката на Кевин, ја рекреираше позната сцена од нашиот омилен божиќен филм.
Актерката Кетрин О'Хара, која сите најдобро ја знаеме како мајката на Кевин од филмовите „Сам дома“ и „Сам дома 2“, ја рекреираше познатата сцена. Легендарниот вресок го слушнавме во второто продолжение кога нејзиниот лик сфати дека повторно го заборавил синот. Ова видео набрзо стана вирално на ТикТок.
@cohclips_ catherine recreating “KEVIN!” ##fyp ##foryou ##foryoupage ##catherineohara ##schittscreek ##beetlejuice ##homealone ##funny ##comedy ##moirarose
original sound - catherineoharaclips_
О'Хара тогаш го глумеше ликот на Кејт, мајка на главниот јунак Кевин, кој се качува во погрешен авион и завршува сам во Њујорк. Тој мора да се соочи со старите познаници, крадците и да ги спречи да ја ограбат продавницата за играчки. Кога ќе сфати дека момчето не е со нив, Кејт вреска „Кевин!“, а потоа се онесвестува. Оваа позната сцена, актерка маестрално ја рекреираша и ги воодушеви сите.