Коронавирусот ги напаѓа и младите луѓе, повеќе отколку што се мисли: „Ако си млад, не си неранлив“, предупредуваат лекарите

Коронавирусот ги напаѓа и младите луѓе, повеќе отколку што се мисли: „Ако си млад, не си неранлив“, предупредуваат лекарите

Драматични приказни за луѓе под 30 години со сериозни симптоми кружат на социјалните медиуми. Овие приказни исто така отвораат прашања-  Дали треба да се загрижени и здравите млади личности односно тинејџерите?

КОВИД-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, е со потешка но и фатална слика кај постарите лица, но како што расте бројот на заразени лица, тој е се’ почест кај младите, здрави луѓе кои стануваат критички болни, па дури и подлегнуваатна болеста, пишува The Verge.

Мобилните телефони открија дека премногу млади Италијанци ја игнорираа забраната за движење

Двајца 29-годишни здравствени работници се разболеле сериозно во Вухан - само еден преживеал, се вели во извештајот во Њујорк Тајмс. Приказните се шират на социјалните медиуми за луѓе под 30 години но и под 20 годинисо сериозни симптоми.

Постојат причини луѓето од секоја возрасна група да бидат претпазливи, велат здравствените експерти, но не затоа што се менува нашето разбирање за тоа кој е најподложен на вирусот. Само затоа што постарите луѓе ќе имаат многу голема веројаност да се разболат, па дури и со фатални последици од болеста, не значи дека некои млади нема. Помалку сериозни случаи кај младите сè уште не ги негираат податоците што покажуваат дека старите лица се најранливи.

Во светски рамки, бројот на млади кои се разболеа, се зголеми. Но, причината е едноставна: пандемијата сè уште се шири и расте. Ќе поминат денови пред некој да започне да ги чувствува симптомите на КОВИД-19. Американски експерти предвидуваат скок на бројот на случаи, посебно тинејџери во САД, бидејќи оние што биле инкубирани, само што почнуваат да се чувствуваат болни. Во исто време, бројот на луѓе што се тестираат за вирус се зголемува.

„Тоа е математички проблем“, вели Бенџамин Сингер, експерт за заболувања на белите дробови на Севернозападниот универзитетски факултет за медицина во Фејнберг. „Дури и кога помладите луѓе се со помала веројатност да бидат сериозно болни, одреден процент ќе се разболи. И додека постотноста расте и расте, овие случаи ќе се појавуваат почесто.

Основни здравствени состојби во кои живеат, можат да ги направат и помладите луѓе подложни на тешки случаи на вирус.

„Ние навистина немаме целосни информации за млади пациенти кои се разболеле, па дури и починале“, вели Ли Рајли, раководител на Катедрата за заразни болести и вакциниологија на Универзитетот во Беркли. „Можно е дека некои од овие луѓе имаат медицински состојби за кои не знаевме ништо“.

Хроничните состојби што можат да влијаат врз младите луѓе, како што е дијабетесот, можат да отежнат некој да се опорави од болеста.

„Дури и помладите луѓе кои се чувствуваат целосно здрави, мора сериозно да ја сфатат пандемијата затоа што можат да го шират вирусот дури и ако не чувствуваат никакви симптоми“, предупредува Ентони Фаучи, раководител на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести.

„Немој да мислиш дека си неранлив ако си млад. Не го ризикувајте вашето здравје или да ги загрозувате вашите најблиски, особено оние кои се постари и склони кон болести. Соработувајте со нас “, апелираше Фаучи пред младите и неговиот апел важи во целиот свет.


Можеби ќе ве интересира: