Коронавирусот и изолацијата на необичен начин влијаеја на младите девојки: Ништо не е добро
Со месеци сѐ беше затворено и скоро па никаде не можеше да се оди, а сега се покажа дека тоа влијаело на младите на уште еден начин...
Животот на многумина одеднаш им се промени поради појавата на коронавирусот. Училиштата се префрлија на онлајн настава, се затворија кафулињата, се забранија сите движење, нема повеќе матурски патувања или матурски забави, а сево ова влијаеше на младите.
На секој би влијаело вакво нешто, а особено на младите на кои животот одеднаш им се промени. Докторите сега воочија една загрижувачка појава кај младите девојки. Откако се појави пандемијата која го промени светот се среќаваат со сѐ поголем број на млади кои имаат проблеми со тикови. Без разлика дали станува збор за неконтролирано трепкање, правење гримаси, тресење на главата, па дури и шмкрање. Докторите тврдат дека порано во една година имале по најмалку 6 млади девојки кои имале проблеми со тикови, а сега таа бројка пораснала на 3 или 4 случаи неделно.
Објаснуваат дека тиковите се јавуваат поради вознемиреност и дезориентираност, кои се предизвикани од сите промени во животот со кои се соочија младите поради коронавирусот. На многумина многу тешко им падна целата ситуација во која големиот дел од времето го поминуваат дома и тоа влијаеше на нив повеќе отколку што може да се замисли. Ваквата појава во однесувањето може да биде причина за грижа, а тие проговорија јавно на оваа тема, за да ги смират родителите и младите. Докторите исто така потенцираат дека нема причина за грижа во овој случај и дека тиковите ќе исчезнат исто како што се појавиле и тоа со подобрувањето на ситауцијата со короната и враќањето на нормалниот живот.
фото: Dmitry Melnikov / Shutterstock