Ковчегот во кој принцот Филип ќе биде погребан е направен пред 30 години: Еве зошто е обложен со олово
Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора ќе биде погребан во сабота на 17 април, а поради безбедносните мерки по повод короната, на погребот ќе присуствуваат само 30 луѓе.
Богослужбата ќе се одржи во капелата Свети Џорџ на имотот Виндзор, а кралицата ќе мора да седи одделно од другите, со маска на лицето. Деталите за самиот погреб сè уште не се познати, единствено што е познато е дека секој ќе мора да држи физичка дистанца.
Медиумите јавуваат дека принцот Филип ќе биде погребан во дабов ковчег, кој е обложен со олово и е направен специјално за него пред повеќе од 30 години. Британското „Метро“ пишува дека вообичаено е членовите на кралското семејство да бидат погребани во ковчег обложен со олово, бидејќи оловото треба да помогне да се спаси телото од расипување.
Имено, телото во таков ковчег може да се чува до една година затоа што е херметички запечатено и не може да навлезе во влагата. Во времето кога ковчегот бил направен за Филип, соодветен ковчег бил дизајниран и за кралицата.
Треба да се напомене дека ковчегот на принцезата Дајана тежел четвртина тон, токму поради тоа што бил обложен со олово.