Кралицата Елизабета ја изненади јавноста: Се појави кога најмалку очекуваа
Кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип (99) ја добија својата прва доза вакцина против коронавирус на почетокот на јануари, а деновиве и втората.
Кралицата Елизабета Втора (94) им оддаде почит на илјадниците Австралијци кои починаа на небото над Европа, но никогаш не беа пронајдени, на редок излез надвор од sидовите на замокот Виндзор, откако неодамна беше вакцинирана.
Британската кралица одеднаш се појави на церемонијата за одбележување на стогодишнината од Кралското австралиско воздухопловство западно од Лондон.
Британските медиуми јавуваат дека таа посета на кралицата е трет пат од март 2020 година кралицата да отпатува на настан надвор од замокот каде заедно со принцот Филип се засолнија и поминаа поголем дел од пандемијата на коронавирусот.
The Queen has left Windsor Castle for a rare public engagement amid the pandemic to attend a service at Runnymede Air Forces Memorial for the RAAF’s centenary. pic.twitter.com/LQaeJlKAIH
— Bevan Shields (@BevanShields) March 31, 2021