Кралицата Елизабета Втора најде начин за заработка: Во следните 10 години ќе се збогати за 12 милијарди долари

Кралицата Елизабета Втора најде начин за заработка: Во следните 10 години ќе се збогати за 12 милијарди долари

Објавена во: Живот // Живот

Кралското семејство, предводено од кралицата Елизабета Втора, на големата аукција избра понудувачи на кои за 12 милијарди долари ќе им ги отстапи правата на десетгодишна употреба на копното и крајбрежјето за изградба на шест ветерници.

Иако кралицата е сопственик на земјата, таа не може да ја продаде, но со неа управува независно тело. Годишната добивка на круната се предава на Министерството за финансии, па 25% се враќаат на кралското семејство, иако овој закон треба наскоро да се промени.

Во име на депозитот, кралското семејство ќе добие 1,2 милијарди долари, а тоа се депозити за развој на ветерни електрани, а истата сума ќе ја добиваат секоја година во наредните десет години на име закуп.

Се чини дека токму кралицата Елизабета ќе стане најголемата добитничка на последниот тренд поради кој нафтените компании преминуваат на развој на обновливи извори на енергија.

Проценето е дека добиената енергија на овој начин ќе може да снабдува седум милиони домови со електрична енергија и ќе го намали загадувањето на јаглерод диоксид на нула до 2050 година.

фото: Tanjug/AP

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: