Кралицата на тинејџ стрит стилот и нејзината мајка: Сури Круз со Кејти Холмс доминираат на улиците на Њујорк
Сури Круз не само што е физички многу слична на мајка ѝ, туку го има наследено и нејзиниот стил!
Актерката Кејти Холмс и нејзината ќерка Сури Круз слично изгледаа кога се појавија во Њујорк во вторникот.
Папараците во Големото јаболко ги фотографираа мајката и ќерката за време на опуштена прошетка низ улиците на омилениот град, а 42-годишната актерска ѕвезда и нејзината 15-годишна наследничка се сѐ послични кога е во прашање стилот и физичкиот изглед.
Двете обожуваат да се облекуваат кежуал, па така е тешко да ги видиме во некои поелегантни и гламурозни изданија. Лежерната облека е она во што најдобро се чувствуваат, а додека Кејт уште одамна е позната како „стрит стајл“ икона на Њујорк, малата Сури оди по нејзините стапки и носи модни комбинации кое е невозможно да останат незабележани.
Кејти се појави во обична бела маица без ракави и „baggy“ црни панталони кои помалку потсетуваат и на тренерки. Овој опуштен изглед го искомбинира со удобни црни сандали и голема чанта.
Сури носеше жолт кроп топ, фармерки со широки ногавици и патики, а мора да признаете дека и двете изгледаат феноменално.