Кратка маица и макси здолниште: Црно-бела комбинација на Анастасија Ражнатовиќ од која може да учат и инфлуенсерките (ФОТО)

Кратка маица и макси здолниште: Црно-бела комбинација на Анастасија Ражнатовиќ од која може да учат и инфлуенсерките (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Овој комплет ги воодушеви трендсетерките, а не му одолеа ниту пејачката Анастасија Ражнатовиќ...

Веќе две сезони, комбинезоните се во сенка поради дводелните комплети, од кои и највлијателните инфлунсерки на Инстаграм се воодушевени.

Еднобојни или со некој дезен, овие комплети полека ги освојуваат срцата на трендсетерките, а нема да погрешите ниту ако одберете топ и панталони, а ни ако се одлучите за верзија со здолниште.

Анастасија Ражнатовиќ во изминатиот период повеќе пати се појави во слични комплети, а неодамна на еден свој настап остави впечаток во неонска комбинација составена од кроп топ и широки панталони.

Посебната комбинација, пејачката ја чуваше за својот одмор на Ибица, на кој замина со своето момче, фудбалерот Немања Гудељ. Во прашање е комбинација од кроп топ со деколте во форма на срце и длабоко макси - здолниште кое се шири од колговите и паѓа надоле.

Анатасија се одлучи за црно-бела комбинација и впечатлив дезен, а во прашање е варијанта која може да се носи и на плажа, и за прошетка, па дури и за ноќна забава. 


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: