Крис ја претепа, а Ријана и понатаму го сака: „Многу сме блиски“
И беше прва љубов...
Пејачката Ријана во подкастот „Oprah SuperSoul Conversations“ призна дека навистина го сака поранешното момче Крис Браун и дека најверојатно ќе го сака засекогаш. Пред 11 години пејачот откри дека и се нафрлил на пејачата и дека ја истепал.
Тогаш доби 5 години условна казна и шест месеци морал да работи за општото добро. Освен тоа, не смее да и се приближи на поблиску од 45 метри. Дамата од Барбадос истакнува дека поради тој инцидент не сака ништо помалку отколку порано, раскажа во гостувањето кај Опра Винфри.
„Се трудевме повторно да станеме пријатели. Сега сме многу блиски пријатели“ - рече Ријана и продолжи:
„Повторно си веруваме. Се сакаме и најверојатно засекогаш ќе се сакаме. Тоа е нешто што никогаш нема да се промени. Тоа е нешто што не може да се исклучи, доколку личноста некогаш си ја сакал“ - појасни.
Истакна дека тој бил љубовта на нејзиниот живот - прва љубов. Смета дека дека и тој неа ја сакал еднакво колку и таа него.
„Не се работи за тоа дали сме заедно. Искрено го сакам. Најважно ми е да има мир. Јас не сум мирна, доколку тој дури и најмалку е несреќен или осамен“ - раскажува.
Зборовите на Ријана ја поттикнаа Винфри да ја праша дали некогаш повторно би можеле да бидат заедно и да ја оживеат старата романса.
„Тој е во врска со самиот себе. Јас сум сама, но успеавме да го задржиме блиското пријателство, откако смее да ми се доближува. Работевме на нас, малку по малку и не беше лесно. Никако не беше лесно“ - тврди пејачката.
За потсетување, парот со автомобил замина на доделувањето на Греми наградите во 2008, кога на телефонот на Крис се појави порака од една жена. Пејачката ја прочитала, а работите тогаш ескалирале и Крис ја изгубил контролата.