Кристина Агилера го прослави роденденот: Се почести со патување на дестинација во далечниот Исток (ФОТО)
Според насмевката на нејзиното лице, си поминува убаво - на убаво место е и со луѓето кои ги сака.
Пејачката Кристина Агилера на 18 декември наполни 42 години. За својот роденден се почести со патување во една земја во далечниот Исток, во Виетнам.
На профилот на Инстаграм го своите следбеници го сподели своето воодушевување од дестинацијата, а глетките се навистина прекрасни, толку што и самите би сакале веднаш да отпатувате во Виетнам. Планините, многуте зеленила и водата со тиркизни нијанси делуваат како рај за душата.
На тоа патување и се придружи и нејзиниот партнер Метју Рутлер. Во Reel-от, кој го објави на Инстаграм може да ги видите како уживаат во заедничките моменти. Заедно со Метју, во Виетнам заминале и нејзините пријатели и по сето приложено, можеме да заклучиме дека ѝ приредиле вистинска забава. Имало прекрасна роденденска торта, многу балони и голем знак, на кој пишувало „Среќен роденден“.
Судејќи по насмевките на фотографиите, веруваме дека пејачката одлично се забавувала.
фото: Принтскрин / Инстаграм