Кристина и Александра Ковач се збогуваа од татко им: Болни пораки по смртта на Корнелије Ковач

Кристина и Александра Ковач се збогуваа од татко им: Болни пораки по смртта на Корнелије Ковач

Објавена во: Совети // Семејство

Корнелије Ковач, познатиот српски композитор, почина денеска на 81-годишна возраст во Белград, потврдија од неговото семејство.

Неговите ќерки, познатите Кристина и Александра Ковач објавија болни зборови на Инстаграм: 

„Драги пријатели, со голема болка морам да ве информирам дека нашиот сакан татко Корнелиј почина синоќа на 81-годишна возраст.

Не' напушти најголемиот човек, најголемата музичка легенда што прошетала на овие простори и некој што засекогаш ја промени историјата на југословенската и српската музика и уметност.

Те сакаме засекогаш тато, до ѕвездите и назад“ - напиша Александра Ковач.


„Мојот тајко“ - напиша Кристина и објави подолго проштално писмо за татко си:


Корнелије Ковач пишуваше музика за театар, филмови и телевизија.

Освен театар, филмови и телевизија, Корнелие Ковач ги напиша и некои од најголемите хитови на локални музички ѕвезди како што е Здравко Чолиќ („Април у Београду“, „Живиш у облацима“, „Звао сам је Емили“, „Једна зима са Кристином“, „Само“, „Унгарска“) , Генерација 5 ( „Само буди довољно далеко“), Лепа Брена („Јанош“, „Сањам“, „Ситније Циле, ситније“) и многу, многу други.

Тој беше татко на три ќерки - Александра, Кристрина и Ања, а синот го доби во вториот брак по смртта на првата сопруга Споменка.

Ги напиша најубавите песни за Здравко Чолиќ, Лепа Брена, „Генерација 5“: Почина Корнелије Ковач

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: