Кривична пријата за новопочениот татко: Адвокатот на Вељко Ражнатовиќ смирува
Против Вељко Ражнатовиќ наводно по налог на Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка поради насилничко однесување, поради тепачката до која дојде вчера во родното место на неговата сопруга - Тител.
Ражнатовиќ е осомничен дека тогаш го претепал Стеван К, на кој во клиничкиот центар „Војводина“ му се констатирани лесни телесни повреди.
Адвокатот на Вељко, Радомир Минижаба вели дека се уште не се завршени истражни постапки.
„И понатаму нема поднесени кривични пријави, бидејќи се уште не се утврдени околностите. Не може да се зборува за тоа, бидејќи сите истражни постапки не се завршени за да може да се утврди дали станува збор за прекршок или кривично дело. Сите шпекулации кои се појавија, зборуваат за нешто што не е утврдено. Не би сакале да зборуваме ништо, додека не биде утврдено дали е прекршок или кривично дело. Пред се, како што признаа сторителите на делото, се појавиле пред семејниот дом во кој биле Вељко, Богдана и нивното тукушто родено дете и го нападнале Вељко, што понатаму доведе до ваков исход“ - изјави адвокот.
За потсетување, тој исто така кажа дека Вељко само „сакал да го заштити мирот и спојот на семејството“.