Како да поминете три дена во Рим: Ксенија Деспотоска со цени и предлози за сами да организирате патување
Познатата инфлуенсерка од Прилеп, Ксенија Деспотоска со своето момче беше на патување во главниот град на Италија. Имено токму од Рим таа сподели детали за трошоците од одморот, со цел да им помогне на сите оние кои планираат да го посетат овој прекрасен град.
„Додека бев во Рим не можев многу да споделувам, бидејќи сакав да си уживам и си објавував само слики. Но сè си снимив и сега ќе ви кажувам повеќе детали. Јас прв пат одев без агенција и со наша организација и можам да кажам дека многу убаво си поминавме и прелесно се снајдовме. Пред да одам ваквите видеа ни помогнаа за организацијата па поради тоа и ви снимив за доколку и вас ви треба да имате да си видите“