Кучињата трагачи по преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Турција добија ВИП третман: Се вратија дома со авион во прва класа
Гест на кој никој не остана рамнодушен...
На 6 февруари 2023 година, Турција и Сирија ги погоди катастрофален земјотрес во кој животот го изгубија повеќе од 50.000 луѓе.
Во овие две земји многу брзо се упатија спасувачки екипи од целиот свет за да помогнат во пронаоѓањето и спасувањето на преживеаните.
Во спасувачките екипи главни беа кучињата трагачи.
Четвороножните спасувачи со истиот ентузијазм и пожртвуваност со денови и ноќи трагаа за преживеаните.
Во знак на благодарност, турска авиокомпанија ги награди спасувачките тимови со авионска карта до дома и тоа во прва класа.
Well done,Turkish Airlines. They did not allow rescue dogs to travel back to their home countries in the baggage hold. They returned home in Turkish Airlines first class seats. pic.twitter.com/wb3BVRSIkX
— Stuart Huddart (@HuddartStuart) February 25, 2023
Авиопревозникот не сакал кучињата да патуваат во просторот за багаж, како што е обично случај на летовите, туку ги оставиле да патуваат заедно со луѓето од прва класа.
Гестот на тускиот авиопревозник воодушеви милиони луѓе кои без престан оставаат коментари на соцајните мрежи.
„Прекрасен гест“, „Овие кучиња го заслужија тоа“, „По сето тоа што поминаа и колку помогнаа, драго ми е што се вака наградени“, „Да има макар малку повеќе вакви вести. Благодариме кучиња херои“ - се само некои од коментарите.
фото: Принтскрин / Твитер