„Купивме креветче, мислевме дека ќе го дочекаме првото дете и ќе го гледаме како расте“: Родителите на бебето што почина во Сремска Митровица неутешни (ВИДЕО)

„Купивме креветче, мислевме дека ќе го дочекаме првото дете и ќе го гледаме како расте“: Родителите на бебето што почина во Сремска Митровица неутешни (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Родителите на починатото девојче Елена, родено во О.Б. Сремска Митровица велат дека биле подготвени за доаѓањето на нивното прво дете. Таткото Данијел во изјава за медиумите објаснува дека купиле креветче и работи, и дека не очекувал ништо лошо да се случи.

„Мислев дека се ќе биде во ред, дека ќе го пречекам првото дете, дека ќе го гледам како расте. Многу ми е тешко“.

Тој во изјава за телевизијата Сремска додаде дека неколку пати се јавувал во родилиштето во Сремска Митровица, бидејќи добил информација. Наводно му било кажано дека се е во ред и да не се грижи.

Според сведочењето на мајката на Марица Михајловиќ, таа била примена во болница на 11 јануари, откако и поминал терминот за породување. Иако и рекле дека ќе има царски рез, породувањето почнало природно, но имало компликации.

Во меѓувреме Марица, изгубила свест.

„ Кога дојдов при свест, ги имаше премногу луѓе околу мене. Имаше седум, осум бабици и таму беше докторот. Околу десет и пол ме остави сама да се породам и отиде да породи друга жена. Меѓутоа, кога виде дека не можам да се породам, се врати кај мене и ми даде анестезија. Ме пресече едноставно за да можат насилно да го извадат бебето. Бебето било над четири килограми, па не можело да се роди по природен пат. Моите сестри го молеа да ме породи со царски рез, но тој не сакаше, не знам зошто“, вели Николова, а пренесува Телеграф.

На дванаесетти јануари, во доцните вечерни часови, Марица се породила. Според зборовите на мајката, детето е родено без пулс

„Потоа се обиделе да ја реанимираат. Ја вратија во живот. Нејзиното срце чукаше. Можеше да ддише со машините. По полноќ ја однесоа во Нови Сад и следното утро ме известија дека бебето починало“.

Била на разговор во полиција, вели таа, и наводно и било кажано дека ќе биде покрената кривична постапка.

„Само го чекаме извештајот од обдукцијата.

Од ОБ Сремска Митровица добиено е кусо соопштение дека во врска со настанот се врши внатрешен надзор, дека е известена здравствената инспекција, а за резултатите ќе биде информирана и јавноста.

За потсетување, припадниците на МВР во Сремска Митровица го уапсија М.М.(45), лекар во Општата болница во тој град, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешки кривични дела против здравјето на народот.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица, на М.М ќе му биде одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: