Ладен Нутела пијалок кој ќе биде хит ова лето: Заборавете на Далгона

Ладен Нутела пијалок кој ќе биде хит ова лето: Заборавете на Далгона

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Постои ли нешто со Нутела што не е вкусно?

Изгледа многу убаво, ќе те освежи, заслади, а и не ни тешко да се направи. Пијалокот Нутела ќе биде хит, а оваа верзија е најлесната која нема шанси да ја утнат, дури ни оние кои не се снаоѓаат добро во кујна.

ТикТок е вистинското место за да се пронајдат нови и поинакви начини како да се направи нешто што ќе те воодушеви, доколку не се снаоѓаат добро во кујна. За љубителите на чоколада и Нутела, овој напиток ќе биде остварување на соништата. Наместо ладното Нескафе или ладното кафе, можеш многу лесно да направиш свој Нутела пијалок. Ова е без кафе, но доколку ти е потребен кофеин, можеш во миксот да ставиш и лажичка или две инстант кафе. Рецептот на ТикТок го сподели корисничката @chahrazadscuisine, каде накратко објасни како се подготвува.

@chahrazadscuisine

Nutella Whipped Drink! Be gentle with your comments please  ##nutella ##recipe ##fyp ##foryou ##foodie ##learnontiktok

Coffee for Your Head - Vinyll

Всушност, двете најоснови работи кои ти требаат се Нутела и шлаг. Тие две состојки треба да ги измешаш и да добиеш „fluffy“ смеса. Во чашата стави мраз, стави ја оваа смеса, остатокот наполни го со млеко, додај чоколадни декорации, измешај и тоа е тоа. Можеш да ја декорираш чашата за поубав целокупен изглед. Пијалокот ќе има фин вкус на Нутела и ќе биде многу ладен - звучи како идеална комбинација. Наместо Нутела можеш да користиш и друг крем, чиј вкус најмногу го сакаш. 


Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: