Лего вложи 340 милиони во трансформација: Децата не молеа да ги промениме нашите коцки
Данската компанија инвестира во правење на своите препознатливи лего коцки од одржливи материјали, наместо од традиционалните пластики на база на масло...
Популарниот произведувач на играчки, Лего ќе вложи дури 310 милиони фунти, односно 340 милиони евра за изработка на своите препознатливи шарени лего коцки од одржлив материјал, наместо од традиционалните пластики на база на масло.
Данската компанија донесе ваква одлука по притисокот на своите купувачи. Од компанијата кажаа дека примиле многу писма од деца кои биле загрижени поради влијанието на нивните омилени играчки на околината. Имено, проценето е дека Лего секоја година на своите производи троши дури 90.000 тони пластика.
Лего исто така ќе ги отфрли пластичните вреќички во своите кутии, во корист на оние хартиените, кажаа, додавајќи дека новите вреќички ќе може да се рециклираат.
Ова вложување ќе ѝ помогне на компанијата во постигнувањето на долгоричната дел да стане јаглерод-неутрална до 2022 година.
Од 2015 година, тим од повеќе од 150 инженери и научници тестирале голем број на растителни и рециклирачки материјали, за да видам од кои најдобро може да се направат нивните коцки.
„Веќе некое време ги истражуваме алтернативите, а страста и идејата на децата не поттикнаа да започнеме со промената“ - рече извршниот директор Нилс Кристијансен.
Компанијата сега тестира како да го користи био-полиетиленот за своите лего коцки.
извор и фото: јутарњи.хр