Лејди Гага и Ирина Шајк: Љубов или омраза?!
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека пола планета претпоставува дека Лејди Гага и Бредли Купер се во врска.
Дека нивната хемија е неоспорлива, на сите им е јасно, а тоа уште еднаш го потврдија и за време на доделувањето на Оскарите, кога ја отпеаа песната „Shallow“ од филмот „A Star Is Born“, за која добија Оскар.
Меѓутоа, што на сето ова кажува сопругата на Бредли, Ирина Шајк?
Доколку веруваме на нејзините реакции на доделувањето, Ирина нема никаков проблем со тоа како Гага и Бредли се однесуваат, иако многумина во публиката, но и крај малите екрани, се чувствуваа непријатно. За тоа сведочат и фотографиите од доделувањето!