Лејди Гага ја ископира Анастасија? Познатата пејачка облече ист фустан, кој пред неа го носеше младата Ражнатовиќ
Лејди Гага во филмот за „црната вдовица Гучи“ носеше идентичен стајлинг како Анастасија Ражнатовиќ во спотот за песната „Готово“.
Не е новина светските ѕвезди да ги копираат помалите уметници, често непознати во нивната земја.
Сведоци сме на бројни примери кога Ким Кардашијан, Емили Ратајковски и многу други „позајмуваа“ идеи од српски пејачи, како што се Јелена Карлеуша, Теодора Џехверовиќ и многу други.
Сега на тој список ја додадоа и Анастасија Ражнатовиќ.
Нејзиниот стајлинг од спотот „Готово“, ни помалку, ни повеќе, го искористија за филмот за кој денес најмногу се зборува - „House of Gucci“ во кој главната улога ја игра Лејди Гага.
Имено, во моментот кога Гага вели „Во името на Отецот, и Синот, и куќата Гучи“, таа на себе носи црн фустан со црвени точки, искомбиниран со гломазен ѓердан.
Истиот тој стајлинг пред неа го носеше Анастасија, па не би не изненадило доколку стилистите на Гага биле инспирирани од ретро изгледот на српската ѕвезда.
Стајлингот во споменатиот спот на Анастасија го правеа српската стилистка Елена Николајевна, додека фустанот го изработи српската дизајнерка Марија Марковиќ.