Лекции кои девојките ги учат на потешкиот начин: Никако од туѓите грешки, туку само на сопствена кожа
Животни лекции кои понекогаш знаат да бидат непријатни...
Во текот на целиот живот учиме. И некогаш нашите грешки кои сме ги направиле во минатото, може да ни изгледаат неверојатно.
Но, сето тоа се само лекции. Понекогаш се болни и непријатни, но лошите искуства се подеднакво вредни, затоа што нè прават такви луѓе какви што станува со текот на годините.
Иако велат дека е подобро да се учи од туѓите грешки, отколку од сопствените, факт е дека најдобро се сеќаваме на она што сме го доживеале на своја кожа, па затоа во продолжение ви пренесуваме неколку ситуации во кои девојките обично учат на потешкиот начин. Тоа се работи на кои сите нè предупредуваат, но ние не можеме да ги сфатиме додека и самите не ги испробаме и не ги увидиме нелогичностите.
# Вистинските пријатели се реткост
Многу пати ќе доживеете разочарување, откако ќе сфатите дека сите оние кои сте ги сметале за пријатели, не биле тоа. Само вистинските пријателства ќе го преживеат тестот на тешките времиња.
# Вашите родители биле во право
Можеби многу пати ќе ви изгледа дека вашите родители прават драма без врска, но со самото тоа низ што поминувате, тие веќе еднаш се соочиле и секако дека сакаат да ве предупредат, з ада не доживеете ист вид на разочарување.
# Знакови за предупредување поврзани со момчето кое ви се допаѓа
На кој не му се случило тоа? Сте се заљубиле во момче за кое сите ви зборувале дека не е за вас, но од силната заљубеност, сите негови маани на вас ви личат како доблести. Поради тоа што не сте слушале никој и не сте прекинале на време, сега роните солзи.
# Момците кои не ви се јавуваат не се заинтересирани
Ако момчето не ви се јавува, не го изгубил вашиот број, ниту му се случило некое друго сценарио. Едноставно ја насочил својата енергија и внимание на нешто друго и вие во моментот не сте му приоритет. Да бил заинтересиран, би пронашол начин да ве најде и како да ви пријде.
# Себе морате да се ставате на прво место
Убаво е што сакате да ги поддржите другите. Но, не смеете да се жртвувате себе и својата среќа. Тоа не е себичност. За да би можеле да им помогнете на другите, прво вие мора да се чувствувате добро во сопствена кожа.
# Морате да бидете она што сте
Во желба на некој да му се допаднете или ако сакате да влезете во некое друштво, можеби ќе се преправате дека сте некој кој не сте. Но, тоа не може да функционира на долга стаза, а еднаш кога ќе ве откријат - ќе изгледате смешно.
# Бидете внимателни со поранешните врски
Она што еднаш ќе го прекинете, нека остане во минатото. Да вредело, би траело. Луѓето кои еднаш ве повредиле, најчесто ќе го направат тоа повторно (со чест на исклучоци).
# Неуспехот не значи дека не вредите
Секој кој работи, тој и греши. Ако некаде сте погрешиле, секогаш постои шанса да се поправите. Немојте да се плашите и да не ги искажувате своите амбиции и да не ги следите своите страсти.
фото: freepik.com