Лежерно и елегантно: Анастасија Ражнатовиќ во хит модно парче за оваа сезона се прошета низ Севиља
Капутот на Анастасија Ражнатовиќ може да се комбинира со сѐ...
Пристигна сезоната на капути, палта, бунди и сите омилени парчиња облека на многу дами, а меѓу нив е и Анастасија Ражнатовиќ.
Во Шпанија, каде што младата пејачка живее веќе една година, температурата падна, па беше идеален момент да го покаже новото палто, кое ќе биде вистински хит оваа зимска сезона.
Слободните денови ќерката на Цеца ги користи за да оди на шопинг во Севиља, па својот дневен стајлинг го сподели на социјалните мрежи, а прекрасниот капут на Анастасија ги привлече сите погледи.
Беж, струкирано, со машна во средината, ова парче облека во текот на зимата може да се комбинира со секојдневен аутфит, како што тоа го прави младата пејачка, но одговара и за секоја свечена пригода.
Палтото на Анастасија е едноставно, но ефективно.
Госпоѓа Гудељ одлично го искомбинира своето омилено зимско парче со црни ѕвонасти панталони и мала чанта од познат моден бренд во иста боја.
Ваквите модели на капути беа во тренд долги години, а тоа е доказ дека модата се регенерира и се враќа.
Со оглед на тоа што Анастасија важи за една од дамите од јавна сцена која страсно сака да следи што е во модниот свет, не е чудно што таа прва го облече.
Иако многу жени од понежниот пол веруваат дека зимските стилови никогаш не можат да бидат поубави од летните, најновото издание на ќерката на Цеца остро го негира тоа.
Лежерниот, а сепак елегантен, едноставен и ефективен стајлинг е нешто што секоја дама треба да го има во својот гардеробер оваа зима.
Фото: ИнстаграмИзвор: www.gloria.rs