Ликови од филмови и серии кои се инспирација за учење: Погледни зошто би можеле да те мотивираат (ВИДЕО)
Тешко ви е да седнете да учите, но овие ликови може да ве поттикнат повеќе да се ангажирате...
Немате мотивација да седнете, да отворите книга и да поминете неколку часа подготвувајќи се за претстојните тестови, испити или решавање на задачите што ги имате.
Можеби би можеле да се инспирирате од некои од ликовите од сериите или филмовите кои можеби веќе сте ги гледале, а кои биле многу вредни, примерни и имале работна етика, која може да биде пример на другите.
Овие ликови нека ви бидат поттик и инспирација за конечно да започнете, бидејќи материјалот ќе се натрупа и тестовите ќе пристигнат, а вие не сакате да западнете во неволја.
# Хермиона Гренџер
Култен лик од филмовите за Хари Потер, за кој не е потребен некој посебен вовед. Нејзината личност се развивала преку потивацијата за академски успех. Хермиона би можела да не потсети сите дека мора да учиме за себе, а не за другите. Целта е ти да бидеш горд/а. Ако учите како Хермиона, петките се загарантирани.
# Ел Вудс
Русокосата од Харвард покажа дека целите се постигнуваат со напорна работа и труд. Кога нејзиното момче ја оставило, Ел е полна со мотивација да го врати, па така успева да се запише на Харвард. Некаде по нејзиниот академски пат сфаќа дека не ѝ се потребни момчиња и дека само треба да биде сама. По тоа сознание, таа почнува да учи уште повеќе и станува најдобар правник на универзитетот.
# Рори Гилмор
Станува збор за лик од серијата „Gilmore Girls“, американска хумористична драмска серија, која се емитуваше од 2000 до 2007 година. Иако Рори е повлечена, таа е девојка полна со енергија и особено брилијантна кога е учењето во прашање. Секогаш чита книги или учи за следниот испит, а на крајот нејзиниот труд се исплати, бидејќи ја примија и на Јеил и на Харвард.
# Елизабет Бенет
Уникатен лик создаден од Џејн Остин во нејзиниот роман „Гордост и предрасуди“. Лизи, како што ја нарекуваат, не ја интересираат забавите, туку времето го поминува во читање. Па, зошто и ти малку не се сконцетрираш на радоста од стекнувањето нови знаења од книгите.
# Бел
Ликот на Бел, кој го глуми Ема Вотсон во филмот „Убавицата и Ѕверот“, има само една желба, а тоа е куќа со голема библиотека. Се сеќаваш ли колку Бел беше воодушевена кога виде колку книги поседува Ѕверот, а уште повеќе се воодушеви кога сфати дека ги прочитал сите?
# Форест Гамп
Том Хенкс глуми човек со потпросечен коефициент на интелигенција. И покрај тоа, тој постигнува многу во животот. Посветеноста и напорната работа можат да не одведат каде што сакаме и секако, кон она кон што целиме. Доколку мислите дека образованието е премногу тешко и дека без него би ви било полесно, погледнете го филмот кој наставниците во САД им го препорачуваат на своите ученици, со цел да ги инспирираат.
# Бен Витакер
Роберт де Ниро во филмот „The Intern“, ни покажува човек во третата животна доба, кој се наоѓа во свет со млади луѓе. Не се разбира во технологија, не знае што се социјални мрежи, малку му е нејасно дека емотиконите можат да искажат чувства, но покрај сѐ, тој има желба за учење и совладување на нови вештини. Тој е добар пример за проактивно размислување и доказ дека во животот никогаш не треба да се откажете. Ако пензионер може да учи, зошто не би можеле и вие?