Лина Пејовска, Антониа Гиговска или Мартија Станојковиќ: Која тин ѕвезда ја има најлајкуваната фотка на Инста за 2021 година?
Веќе наголемо ја почнавме новата година. Некои од нас започнаа со остварување на зацртаните цели за оваа година, други сѐ уште се опоравуваат од прославата за дочекот, трети пак уживаат во празничното расположение, додека некои ги сумираат впечатоците од годината која измина.
Во последната група се збројуваме ние, па затоа решивме да направиме едно Инста сумирање, поточно да провериме која тин ѕвезда ја има најлајкуваната фотографија на Инстаграм за 2021 година. Ги земавме младите пејачки Лина Пејовска, Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ - девојките кои навистина оваа година работеа напорно и објавија хитови, кои сите ги слушавме во текот на целата година.
Најлајкувана објава на профилот на Мартија има 12.305 лајкови, што ја стави на третото место на нашата листа. Станува збор за објава на која има три селфиња на кои носи црно боди и фармерки, а целата комбинација ја има заокружено со дискретно ланче, прстен со циркони, минимална шминка и испеглана коса.
Лина ја има вицешампионската позиција со фотографиите од табло, која воедно е најлајкуваната на нејзиниот профил за минатата година. 13.252 лајкови имаат фотографиите кои го красеа таблото на крајот на учебната година.
Најлајкуваните фотографии ги има Антониа. Фотките направени на планина на кои носи специфичен комбинизон за студените месеци собра 14.389 лајкови. Дали истите се поради храброста што ја износи оваа комбинација или пак е нешто друго во прашање - одговорот го знаат само нејзините следбеници.
Р.Х.