Лина Пејовска испеа една од најпознатите балади на Саша Матиќ: Еве како звучи кога пее песна стара 20 години (ВИДЕО)

Лина Пејовска испеа една од најпознатите балади на Саша Матиќ: Еве како звучи кога пее песна стара 20 години (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Изведба на која нема да останете рамнодушни...

Младата пејачка Лина Пејовска често на својот Инстаграм профил објавува кавери од песните на познатите пејачи. Од најпознатите странски хитови, преку песните на српските изведувачи, па сѐ до македонските евергрини, на профилот на Лина може да најдете многу кавери.

Сега, на ред дојде и една од најпознатите балади на српскиот пејач Саша Матиќ. Станува збор за „Кад љубав закасни“, песна која се најде на албумот „Отишао, вратио се“, кој пејачот го објави во 2002 година.


За тоа колку оваа балада е популарна и слушана, говорат и милионските прегледи кои ги има на Јутјуб, а мора да признаеме дека нашата Лина ја донесе најдобро што можеше. Во стиховите кои Саша за првпат ги отпеа пред 20 години, младата пејачка ги внесе своите емоции и чувства, а како сето тоа звучи, слушенете во продолжение:

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: