Љубовта на една мајка: „Може му недостасуваат екстремитети, но тој е за мене совршен“

Љубовта на една мајка: „Може му недостасуваат екстремитети, но тој е за мене совршен“

Објавена во: Совети // Семејство

Мајка чиј син е роден без нозе и една рака никогаш не се согласила на абортус, иако знаела што да очекува за време на бременоста. Всушност, таа вели дека е совршен!

Рози Хигс за време на бременоста била предупредена дека момчето најверојатно има синдром на амнионска бразда. Екстремитетите на детето не се развиваат правилно во утробата кога е присутен овој синдром.

Таа ги игнорираше сите совети на пријателите и семејството дека треба да ја прекине бременоста. Сега таа вели дека тоа била најдобрата одлука што можела да ја донесе, пренесува Mirror.

На малиот Хенри веднаш му е извршена операција за одвојување на раката, а сега сака да ја користи додека се капе и игра.

Бев сигурна дека сакам да го задржам

„Кога ми кажаа дека моето дете нема да има нозе и една рака, бев многу загрижена и потресена. Без разлика на сите совети и приказни за абортусот, сто проценти бев сигурна дека сакам да го задржам“, изјави 29-годишната Рози.

Според родителите, малиот Хенри одлично напредува и немаат грижи за неговата иднина.

„Јасно ми е дека неговиот живот секогаш ќе биде малку поинаков, но сигурна сум дека ќе може да се справи со сите идни предизвици“, изјави Рози.

Таквите деца се посебни

Од породувањето, оваа мајка е во контакт со многу други родители чии деца имаат слични проблеми.

„Тие се толку посебни. Ние им помагаме во светот. Јасно е дека мораме да ја прилагодиме куќата на неговите потреби, за полесно да се движи“.

„Можеби нема нозе и раце, но барем што се однесува до мене, тој е апсолутно совршен“, вели гордата мајка.


фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: