Локации од филмовите кои можеш да ги посетиш и во реалниот живот: Овие 13 постојат, а еве каде се наоѓаат (ФОТО)
Ако ги сакаш овие филмови, ќе те воодушеви фактот што можеш да посетиш некои од легендарните локации...
Сите знаеме дека на Балканот, поточно во Хрватска се снимаше серијата „Game of Thrones“ и дека во Дубровник може да се посетат вистинските локации кои се прикажани во оваа серија. Исто така, постојат и многу други локации во светот кои послужиле како сцени во некои популарни филмови.
Добар дел од филмовите и сцените во нив се снимани во студијата во Холивуд и ширум светот. Во тие студија се направени вистински мали сетови, улици, градови, толку реални што гледачите никогаш не би кажале дека не се вистинските локации. Но, некогаш сцените се снимаат и на вистински локации. Тие локации потоа се посетувани од обожавателите на филмовите.
Ние пронајдовме неколку локации кои навистина постојат, кои и ти можеш да ги посетиш еден ден и да се чувствуваш како да си во својот омилен филм.
# Home Alone - вистинската куќа од филмот во која живеаја Кевин и неговото семејството можеш да ја видиш во градот Винетка во САД.
фото: Roberto Valz/Shutterstock
# Harry Potter - еден дел од училиштето Хогвартс беше катедралата „Christ Church Cathedral“ во Оксфорд.
фото: Kit Leong/Shutterstock
# Pretty Woman - хотелот во кој беа главните ликови од овој филм се вика „Beverly Wilshire“, а се наоѓа во Лос Анџелес.
фото: Marco Rubino/Shutterstock
# Psycho - Мотелот „Bates“ можеш да го посетиш на филмскиот сет во Universal City во Калифорнија.
фото: RichartPhotos/Shutterstock
# Mamma Mia! - поголемиот дел од сцените во овој филм се снимени на островите Скопелос и Скијатос во Грција.
фото: Aetherial Images/Shutterstock
# Самрак - локациите од филмот, вклучувајќи ја и куќата на Бела, како куќата на Куленови, можеш да ги пронајдеш во Орегон, САД.
фото: Maks Ershov/Shutterstock
# Сексот и градот - станот на Кери Бредшо можеш да го видиш во Вест Вилиџ во Њујорк.
фото: BGStock72/Shutterstock
# Notting Hill - локацијата која ја прослави овој филм постои во Лондон.
фото: Awana JF/Shutterstock
# Lara Croft: Tomb Raider - познатиот храм од филмот е храмот Bayon во античкиот град Ангкор Том во Камбоца
фото: Mike Workman/Shutterstock
# Joker - познатите скалила од овој филм се наоѓаат на адресата West 167th Street во Бронкс, Њујорк.
фото: Alon Adika/Shutterstock
# Harry Potter - железничката станица од филмот постои во Лондон и се вика King's Cross.
фото: Aeypix/Shutterstock
# A Star Is Born - сцената каде Лејди Гага пее и Бредли Купер за првпат ја гледа, била снимена во барот The Virgil во Лос Анџелес.
фото: dubsdotla/Instagram
# Pride and Prejudice - љубовниот филм по книгата на Џејн Остин е снимена во куќата Чатсворт во Дербишир, Англија.
фото: mountaintreks/Shutterstock
насловна: Принтскрин / Imdb