Лола е најуредната тинејџерка во Англија: Ја чисти цела куќа, без никој да го побара тоа од неа
На младата Британка чистењето и помогнало да носи со тегобиите поради разводот на родителите. Сега направи и Инстаграм профил на кој споделува совети за чистење...
Ученичката Лола Лоренс е најуредната тинејџерка во Британија, вели нејзината мајка. 14 - годишната девојка до јужен Лондон има само еден херој - сензацијата за чистење г - ѓа Хинч. Г - ѓа Хинч всушност е Софи Хинчклиф од Есекс, на која страста за чистење и донела армија следбеници на Инстаграм.
Младата Лола беше поттикната од нејзината хероина да го направи својот профил на Инстаграм, Little Hincher, во јануари, кој сега има над 1.000 следбеници, пишува metro.co.uk.
Лола посветува шест часа неделно на чистење на семејната куќа, без да биде замолена за истото. Со пријателите организира и акции за чистење на FaceTime, а потоа ги чисти и бањата и останатите соби.
„Нејзината идеја за забавен ден е да остане дома и да чисти. Една петок вечер ја најдов во бањата како чисти додека беше на FaceTime со својата роднина, која исто така ја чистеше својата бања. Двете одлично се забавуваа. Тоа ми беше одлично. Секако дека може да ја исчисти бањата, тоа ме штеди мене од работа“ - рече мајката на Лола, која работи како оперативна менаџерка.
Лола стана „луда“ за чистењето откако нејзиниот најдобар пријател и го покажал Инстаграм профилот на Софи Клинчклиф, нарекувана г - ѓа Хинч, која се прослави откако ја сподели својата рутина за чистење.
Откако го видела тоа, тинејџерката со радост почнала да чисти по дома.
„Никогаш порано не сум слушнала за неа, но отсекогаш сакав ентериери на куќи, па кога го видов нејзиниот профил сфатив дека сакам мојот дом еден ден да изгледа исто како нејзиниот. Многу ми се допадна и како личност. Многу е искрена кон својот живот, добрите и лошите делови. Некои луѓе им се воодушевуваат на Бијонсе или Ариана Гранде, но личноста на која јас се воодушевувам е г - ѓа Хинч“ - рече Лола.
Откако гледала како нејзината ќерка испробува различни начини на чистење, кои ги објавувала г - ѓа Хинч, Стефани на Лола ѝ купила прибор за чистење инспириран од нејзиниот идол. Лола потоа редовно ја носела мајка ѝ во продавници за да може својот џепарлак да го троши на најновите производи за чистење и садови за домот.
„Понекогаш добивам 10 или 20 фунти џепарлак, зависи кои обврски ги имам завршено таа недела, па може да варира. Кога сум во продавница сакам да одам кај полиците кои имаат средства за чистење и да ги гледам најновите производи, а мајка ми ме смирува, бидејќи можам да се возбудам поради шише обелувач. Следам и многу други инфлуенсери кои се занимаваат со чистење и уредување на ентериерот, како и г - ѓа Хинч и можам да кажам дека додека тие трошат големи цифри за разни предмети, јас можам да ги пронајдат идентични и многу поевтини“ - раскажа Лола.
Вели дека организацијата е клучна за одржува на чистотија и уредност во домот, а таа има и дневник во кој ги запишува сите свои планирани задачи.
Кога го отворила својот Инстаграм профил, најпрво тоа го правела анонимно за да ги избегне шегите од училишните другари. Но, набрзо сфатила дека нејзините пријатели го сакаат она што го прави таа и на профилот го додаде своето име. Понекогаш ги споделува советите кои ги научи од колешката „Хинчер“, како и обајвите за своите откритија.
Лола, која има проблеми со анксиозноста откако нејзините родители се развеле кога имала 11 години, вели дека чистењето ѝ помага да се смири.
„Кога мама и тато се разведоа, ми беше многу тешко. Секогаш кога се чувствував вознемирено и малку нервозно, Хинчинг ми го олеснуваше тоа“ - вели таа.
Во иднина замислува кариера во правото или модата, освен доколку нејзиниот Инстаграм профил не стане популарен од оној на г - ѓа Хинч, која неодамна стана нејзина најдобра пријателка.
„Добив покана да учествува во видео со другите Хинчери, само за да ѝ се заблагодарам на г - ѓа Хинч на тоа како ме инспирираше. Видеото е испратено на неа, која го видела и започна да ме следи на Инстаграм. Тоа беше најнереалниот момент. Толку бев возбудена што едвај спиев следните неколку дена. Хинчинг е многу повеќе од само чистење, тоа е прекрасна заедница на брилијантни луѓе, кои меѓусебно се поддржуваат. Навистина ми помогна и би го препорачала на сите“ - заклучи Лола.