Лоши навики поради кои ти излегуваат мозолчиња на исто место
Сигурно безброј пати се прашуваш зошто некои мозолчиња секогаш ти се појавуваат на истото место или барем во непосредна близина.
Често се на твојата брада, на челото, на едниот дел од лицето и само што ќе се повлечат, по неколку дена повторно се појавуваат. Важно е да знаеш дека на тоа влијаат некои лоши навики кои ги правиш, а ова се некои од најчестите.
# Допирање
Доколку упорно ги допираш мозолчињата, со прстите или ноктите ги пренесуваш нечистотиите и бактериите на тоа веќе воспалено место, но и го стимулираш протокот на крвта во тоа подрачје. Така може да се појават и додатни мозолчиња на истото место.
# Чепкање
Вака исто така можеш да ги прошириш бактериите, па така порите покрај мозолчињата стануваат плодно тло за настанок на нови. Доколку го отстраните мозолчето, веќе зараснатата кожа станува повторно отворена за нов налет на бактерии.
# Стискање
За ова сигурно не мораме ни да зборуваме да не го правиш. Сепак, знаеме дека е тешко да се воздржиш. Само да знаеш дека кога ќе го истискаш мозолчето, од него секогаш тече и малку крв, па се создава тло за ново воспаление и нова бактерија. Да не зборуваме за белегот, кој е сигурно загарантиран.
Извор: hejmagazin.rs