Лошото време влијае на љубовниот живот, а еве и како!
Нема сонце, нема ни љубов... или?
Не би верувале колку времето всушност влијае на љубовниот живот. Имено, како што пишува EliteDaily, експертите веќе одамна објаснуваат колку времето влијае на нас, па така и на нашето расположение и односите со другите луѓе.
За време на зимата се чувствуваме тажно, осамено, нервозно и имаме недостаток на енергија. Таквата состојба влијае на љубовниот живот, бидејќи може да ја намали вољата за дружење, забавување или искажување на љубов.
Како што наведува научникот Clarissa Silva: „Кога е мрачно и тмурно времето поголемиот број луѓе остануваат осамени“. Но, сепак би требало да се погрижиме таквото влијание да не стане рутина, бидејќи не е секогаш решение ако се препуштиме на случајот.
За среќа, сега имаме се повеќе сончеви денови, а можеби тоа малку и ќе ни го поправи расположението!