Луѓето ги споделија најлошите шеги што ги направиле за 1 април: Идеи кои ќе ви послужат и на вас
Нема подобар ден за шегување од денешниот...
Денес е оној ден кога никој на ништо не му верува и кога сите се повнимателни, бидејќи сме свесни дека може да бидеме измамени. Што и да ти направи некој, не можеш да се налутиш, бидејќи знаеш дека тоа не е лоша намера, туку дека едноставно денот е таков. Но, каков пренк да направиш и на кој? Сакаш да бидеш брутален? Луѓето на „Редит“ ги споделија некои од најлошите, т.е. најдобрите шеги кои им ги направиле на другите за 1 април. Еве материјал кој можеш да го искористиш.
# Замени ја содржината од садовите за сол и шеќер - во соларката стави шеќер, а во садот за шеќер сол.
# Стави течен лепак на квагата од вратата во собата на твојот брат или сестра.
# На момчето или на мајка ти кажи им дека си бремена.
# Ако дома имаш ѕиден часовник или можеш да дојдеш до нечиј мобилен, помести им го часовникот за еден час напред или назад.
# Раздели орео колачиња, отстрани ја срредината и наместо неа стави паста за заби, затвори го колачето и понуди му го на некој.
# Стави лонгета на ногата за сите да мислат дека ти е скршена.
# На вратите од тоалетите во училиште стави натпис „не работи“.
# Направи си омлет во кој ќе додадеш малку зелена боја за храна и однеси го во училиште, каде додека јадеш другите ќе те гледаат.
# Ако имаш помлад брат или сестра, кажи им дека претседателот испратил известување дека сите родендени оваа година се откажани.
# Кога некој ќе остави кафе на масата, стави му сол додека не гледа.
фото: freepik.com