Лука Модриќ забележа пресладок момент со својата миленичка: Сите забележаа дека е копија на тато (ФОТО)
Постарата ќерка на познатиот фудбалер слави роденден...
Лука Модриќ се пофали со својата 10-годишна ќерка Ема, со која позираше во прегратка, а за тоа имаше и посебен повод.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на Реал Мадрид, фудбалерот Лука Модриќ, на Инстаграм ѝ го честиташе 10-от роденден на својата ќерка Ема.
„10 е многу посебен број како што си ти! Среќен 10-ти роденден, мое сѐ! Многу те сакам“ - ѝ порача фудбалерот на својата ќерка во описот на фотографијата.
Следбениците на Лука во коментари ѝ го честитаа роденденот на Ема и ѝ посакаа сѐ најдобро, а многумина ја забележаа и искоментираа сличноста помеѓу таткото и ќерката.
„Копија на тато“, „Се гледа сличноста“, „Кралот и неговата принцеза“, „Преслатки“, „Маза на тато“ - гласеа само дел од коментарите.
Модриќ со сопругата Вања ги има и синот Иван (12) и ќерката Софија (5), а фотографии од нив споделува кога се одбележува некој значаен ден за нив.
фото: Принтскрин / Инстаграм