Од хистерична, Луна се претвори во семјена жена: Анабела шокираше со изјавата, па призна дека прави работи кои бабите не ги прават
Пејачката не крие колку е среќна поради успехот на нејзината ќерка, како и колку ужива да биде баба
Пејачката Анабела Атијас релативно рано стана баба, а сега откри каков однос има со внуците и колку ја променила новата улога.
Таа се опишува себеси како нетипична баба и открива како го поминува времето со нејзината внука Миа.
- Многу ми се допаѓа да ме нарекуваат баба, тоа можам да го сметам за комплимент. Никогаш не замислував дека ќе бидам таква баба, дека ќе се чувствувам добро и добро ќе се држам, дека ќе имам волја постојано да работам на себе. Детето во мене ме тера да правам работи што знам дека бабите не ги прават. Кога одам со мојата Миа, се лизгам низ лизгалките, ги правам сите работи што ги прават младите, но моето тело може да се справи со тоа. Постојано вежбам во форма сум, тренирам, морам да спортувам, тоа навистина ме исполнува. Јас сум активна баба – рекла Анабела и открила дека е построга кон децата отколку со внуците.
- Јас сум многу помека кон моите внуки, мислам дека тоа е нормално. Нека е разгалено и треба да се разгалува, тоа е само дете кое се сака и негува– заклучи таа.
Анабела има две ќерки од бракот со Гаги Ѓогани, Луна и Нина, а пејачката не го крие товарот што го носеа поради славата на нивните родители.
- Многу пати во животот и тоа им донесе повеќе лошо отколку добро. Предрасуди, различни мислења... На почетокот сте осудени на пропаст.Многу е важно колку е човек ментално подготвен и ментално силен да го издржи, сето тоа. Имаме ситуации кога децата дури и си го одземаат животот. Имав среќа што моите деца останаа нормални и покрај неправдата што им беше направена, бидејќи нивните родители се јавни личности. Фала му на Бога, тие се толку силни и знаеја да го протуркаат тоа на здрав начин без дрога и алхохол. Нина се запишува на ДИФ, ќе се занимава со спорт, а Луна од условно кажано зло се претвори во убава, семејна жена, вредна и посветена мајка. Таа има свој бизнис кој одлично и оди. – изјави Анабела за Грандонлајн.
Да потсетиме, Анабела неодамна откри детали за пријателството со Ксенија Пајчин, а истакна и како покојната пејачка боса трчала да ги спаси неа и Луна кога биле во опасност.
Фото:Инстаграм