Мачката на Тејлор Свифт е повеќекратен милионер: Ќе ви се врти главата кога ќе видите колкаво богатство собрала
Оливија Бенсон се рангираше во топ 3 најбогати миленици на светот...
Секоја година се прават листи на најбогатите, а со тоа и највлијателните луѓе на планетата, но дали знаевте дека исто така постои и листа на најбогати домашни миленици на светот?
Порталот „All About Cats“ секоја година составува листа на домашни миленици кои заработиле вистинско мало богатство, без разлика дали го добиле со сопствената работа или го наследиле.
Овој пат на листата се најде и Оливија Бенсон, мачката на Тејлор Свифт. Таа е трета на листата најбогати миленици на светот, со заработени 97 милиони долари.
Тејлор ја вдоми Оливија во 2014 година, а името го добила по хероината од серијата „Закон и ред“. Сигурно се прашувате како мачката успеала да ги собере сите овие милиони на својата банкарска сметка?
Освен што редовно ја гледаме на објавите кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи, мачката била ангажирана во рекламите на „Diet Coke“ и „Ned Sneakers“, смислила сопствена линија на облека и се појавува во спотот за „Blank Space“. Многу деловни проекти, малку претприемачки дух и ете, се најде на листата на најбогатите миленици на светот.
Зад Оливија, на четвртото место се наоѓаат кучињата Сејди, Сани, Лорен, Лејла и Лук, кои заедно вредат 30 милиони долари, а кои ѝ припаѓаат на Опра Винфри.
фото: Принтскрин / Инстаграм