Мадона за прв пат покажа како се опоравува од инфекцијата: „Можам барем малку танцувам“ (ВИДЕО)
Пред
еден месец Мадона заврши во болница поради тешка инфекција, поради што ја
одложи турнејата.
64-годишната пејачка Мадона сега се опоравува од тешкиот период дома, а по тој повод на Инстаграм објави видео во кое танцува и им покажа на обожавателите дека се чувствува добро.
-Се чувствувам како најсреќната ѕвезда на светот бидејќи можам да го движам телото и барем малку да танцувам. Им благодарам на сите мои фанови и пријатели. И вие сте моите среќни ѕвезди, напишала таа под објавата.
Мадона додаде дека слави и 40 години од објавувањето на нејзиниот прв албум.
Нејзините следбеници во коментарите и порачаа дека е „незапирлива“ и „непобедлива“.
За потсетување, Мадона на крајот на јуни заврши на интензивна нега, каде што беше интубирана. Нејзиниот долгогодишен менаџер тогаш објави на Инстаграм дека Мадона „развила сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега“.
Фото:madona/instagrm