Магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината: Сега ќе се снима документарец за Грета
Неодамна магазинот „Тајм“ ја прогласи за личност на годината...
Документарниот филм за Грета Тунберг ќе се снима следната година и ќе го следи ангажманот на оваа тинејџерка за борбата против климатските промени.
Филмот, чиј назив ќе биде „Грета“ го режира Нејтан Гросман ќе го прикаже вложувањето на оваа 16 - годишна девојка за иднината на планетата, од нејзиниот прв штрај во училиштето до учеството на меѓународните протести и страствените говири на Самитот на ОН во Њујорк и самитот за клима во Мадрид.
Се планира филмот премиерно да биде прикажан следната година, пренесува магазинот „Rolling Stone“.
За потсетување, магазинот „Тајм“ неодамна ја прогласи Тунберг за личност на годината.