Мајка ѝ ѝ ги купувала тестовите на факултет: Сега работи две работи
Американската актерка Фелисис Хафман во петокот е осудена на 14 дена затвор, затоа што платила над 15.000 долари на лажна добротворна организација поврзана со Рик Сингер за да овозможи местење на резултатите на тестовите за способноста на својата ќерка. Станува збор за Scholastic Aptitude Test, тест за способност кој се користи како приемен испит за упис на додипломски студии во САД. И се закануваат 20 години затвор, но со оглед на тоа дека ја признала вината, совесните тужители и рекле дека ќе добие пониска затворска казна.
Додека таа е во затвор, нејзиното семејство настојува нормално да си го живее животот. Нејзината ќерка работи две работи со скратено работно време, се преселила и во нов стан, а планира да запише и факултет. Повторно се пријавила на истиот факултет на кој нејзината мајка и овозможила местење на резултатите, пишува DailyMail.
„Тие многу разговараат и поминуваат многу време заедно. Одат на прошетка, играат друштвени игри и имаат семејни вечери. Силна екипа се и се потпираат еден на друг“ - рече извор близок на семејството.
Освен затворската казна, актерката ќе мора да плати и казна од 200.000 долари и да обработи 250 часа во хуманитарни, вели судијата. Таа била една од 50 личности кои биле вмешани во овој скандал.