Мајка ѝ ја оставила по раѓањето: Таткото на Елена ја презел грижата, a еден ден ја разнежнил со едно прашање

Мајка ѝ ја оставила по раѓањето: Таткото на Елена ја презел грижата, a еден ден ја разнежнил со едно прашање

Објавена во: Живот // Живот

Татко ми ми овозможи да студирам на Медицинскиот факултет во Виена, ми купи стан, ми обезбеди сè, истакна ќерката...

Девојката по име Елена во 2019 година ја сподели својата исповед во која раскажа каков однос има со својот татко.

Имено, таа тогаш истакна дека татко ѝ ѝ овозможил сè и дека поради тоа му е вечно благодарна, но и дека во животот го има само него, бидејќи мајка ѝ ја оставила по раѓањето.

„Татко ми овозможи да студирам на Медицинскиот факултет во Виена, ми купи стан, ми обезбеди сè. Вели дека сум негова миленичка и дека никогаш нема да ми недостасува мајка ми, која нè остави веднаш штом ме родила. Ние живееме сами и никогаш никој не ни пружил било каква помош. Сè создаде сам. Работеше градежништво во Париз, по 12 часа на ден, седум дена во недела и сè така цели 8 години, додека собра доволно пари за да отвори своја градежна фирма“ - напиша таа и потоа откри како изгледа нивниот живот моментално:

„Сега живееме во Виена и Белград. Како кога, поради работата и мојот факултет. Сите му се воодушевуваат, бидејќи ретко кој маж би чувал дете на 23 години. Баба и дедо немам, починале млади, а со тие од страната на мајка ми не е слушам. Немам браќа, немам сестри. Во буквална смисла тој нема никој, само мене. Го сакам премногу на овој свет и неодамна ме разнежни кога ми кажа „Елена,  ми се допаѓа една госпоѓица. Што мислиш? Да ја прашам ли да излеземе?“ Бев пресреќна во тој момент. Само сакам мојот татко да биде најсреќен на светот и да не му недостасува ништо“ - заклучи таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: