Мајка и ќерка заедно тренираат јога: Нема поза која 4-годишното девојче не ја знае

Мајка и ќерка заедно тренираат јога: Нема поза која 4-годишното девојче не ја знае

Лаура Касперзак е инструкторка по јога, фитнес тренер, танчерка и мајка која на Инстаграм го привлече вниманието на многу луѓе. Освен нејзините пријатели, за јога е заинтересирана и нејзината ќерка Џејден.

Почнала да ги прави позите на мајка ѝ, а резултатите ја изненадиле Лаура. Од љубопитност, на четиригодишна возраст, Џејден открила дека го сака да го прави она што го прави нејзината мајка. Лаура ги забележила вештините и талентот на својата ќерка и почнала да тренира заедно со неа.

На Инстаграм често споделува фотографии на кои се гледа колку Џејден напредува. Не постои ниту една поза која не ја пробале.

Јогата, како и секоја друга дисциплина, бара преданост и истрајност. Меѓутоа, за Лаура и нејзината ќерка таа пред сè претставува страст. Освен тоа, им овозможува да поминваат повеќе време заедно.

Освен јогата, Џејден учествува и тренира за разни национални натпревари во танц, пишува „Bored Panda“.






Можеби ќе ве интересира: