Мајка му го оставила на 7 години: 11 - годишниот Дејан живее тежок живот
Претажна приказа која доаѓа од Долни Агич кај Нови Град. На рамениците на 11 - годишниот Дејан Зориќ, се натовариле сите неволји на овој свет. Момчето пред четири години останало само, бидејќи неговата мајка го напуштила. Мајката со себе ја зела сестрата на Дејан и од тогаш момчето само двапати ја видело мајка си.
Желбата да се врати не го омекнала тврдото срце на мајката, па Дејан судбината и животот ги дели со бабата и дедото. Најлошо од сѐ е тоа што тие живеат во една просторија во трошната куќичка, на која секој момент и се заканува рушење. Момчето во тие 20 квадрати исполнети со малку мебел нема тоалет.
На спомнувањето на мајка му и сестра му, Дејан веднаш заплакува, а неговите желби одамна не се детски. Сака да му се врати сестрата и малку да се поправи куќата, додека дождот и снегот не ја срушиле.
И покрај сите неволји кои ги доживува ова момче, тој е одличен ученик и талентиран спортист, иако секојдневно до училиште пешачи по 10 километри и задачите ги пишува во услови кои неговите врнаци не може ни да ги замислат.
Медиумите од Босна и Херцеговина се организираа и ја споделија неговата животна приказна со цел да му го олеснат животот на малиот Дејан. ОВДЕ можете да најдете повеќе информации како може да му се помогне на ова младо и талентирано момче.