Мајка му испрати јавно извинување на синот: Овој билборд во Белград е главна атракција

Мајка му испрати јавно извинување на синот: Овој билборд во Белград е главна атракција

Објавена во: Совети // Семејство


Белграѓани ја сликаа пораката која една мајка му ја посвети на синот на булеварот-  Принц Александар Караѓорѓевиќ на Дедиње.

Љубовта на мајката кон своето дете  во најмала рака е неизмерна, не постои такво нешто што мајката не би го направила. Иако тие понекогаш ни се лутат и кога не треба, мајките секогаш се подготвени да ја признаат грешката, па така беше и овој пат, но разликата е во тоа што беше јавно!

Еден билборд кој се појави на белградските улици го докажа токму тоа.

Имено, белграѓани на булеварот на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Дедиње забележаа порака која мајка му ја испрати на својот син, а гласи:

- Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Секоја чест синко, небото е граница. Мама Дијана, се вели во пораката.

Мама Дијана отиде чекор подалеку, и му испрати јавно извинување на својот син затоа што не верувала доволно во него, но сигурно е дека е многу горда!


Фото: Vladan Atanasijevic

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: