Мајка воведе 5 строги правила за идните момчиња на нејзините ќерки: „Моите очекувања се големи“

Мајка воведе 5 строги правила за идните момчиња на нејзините ќерки: „Моите очекувања се големи“

Објавена во: Совети // Семејство

36-годишната мајка Кет Зои Кларк од Квинсленд во видео на „ТикТок“ објави што очекува од идните момчиња на своите ќерки и предизвика бура од реакции. Кет се одлучила на овој чекор откако нејзината постара ќерка Латиша (19) почнала да излегува.

- Ќерка ми моментално е на состанок и многу луѓе ме прашуваа кои се моите правила кога се во прашање момичињата со кои може да излегува - рекла Кет и признала дека има големи очекувања на тоа поле.

Кет ја роди Латиша (19) кога наполни 17 години, а покрај неа ја има и помалата ќерка Деја (11).


Во видеото кое достигна 3,4 милиони прегледи, оваа мајка најпрво му посака среќа на младиот пар, а потоа објасни дека нејзините ќерки се посебни. Таа не криеше дека има големи очекувања кога се во прашање родендените на нејзините миленици.

- Јас и Латиша славиме родендени на ист ден, па нејзиниот последен дечко ми купи подарок и мене. Не само што нејзините очекувања се големи во овој поглед, туку и моите - искрена беше Кет.

Во видеото таа изгледаше многу строго кога зборуваше за третото правило, кое, се согласија сите, беше особено чувствително.

- Нема да можеш да спиеш овде, освен ако сериозно не излегуваш со мојата ќерка барем половина година; „Не сакам да те запознаам лице в лице“, со извинување додава Кет.

Четвртото правило, смета таа, не е толку строго, па го класифицира во категоријата очекувања:

- Се надевам дека семејствата на идните млади момчиња на моите ќерки нема да бидат здодевни; всушност, подобро е да бидат забавни!


И додека мнозинството корисници на „TikTok“ ја поддржаа Кет и нејзините први четири правила, имаше жестока борба околу петтото правило.

„Конечно, никогаш не ја поканувај ќерка ми на вечера и не очекувај таа да плати дел од сметката“, истакна Кат.

Многумина не се согласија со ваквото нејзино очекување, со оглед на тоа дека ѝ припаѓа на „старата школа“, која одамна е надмината. Од друга страна, имаше и такви кои апсолутно ја поддржаа младата мајка во сите правила, вклучително и ова последното.

Некои, пак, коментираат дека последното правило е сурово и дека „многу е моќно кога девојката ќе плати вечера за себе и за своето момче“.

Што мислите, дали оваа мајка е во право? 

Извор: ona.telegraf.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: