Мајката и ќерката си разменија облека и добија одличен ефект: Кралицата Летиција и принцезата Леонор ги изненадија Шпанците со модните изданија (ФОТО)
На еден од најважните
културни настани за време на празниците во нивната земја, шпанската кралица и
престолонаследникчката се појавија во неочекувани комбинации
Шпанското кралско семејство присуствуваше во Чинчон на перформанс кој го прикажува страдањето на Исус Христос како дел од локалниот фестивал, настан кој се повторува секоја Велика сабота според Грегоријанскиот календар од 1963 година.
На овој собир присуствуваа кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и ќерките принцезата Леонор и Софија, кои ја поздравија толпата и со внимание го следеа настанот.
Семејството беше облечено лежерно од вообичаено, а повторно најмногу се зборува за стилот на кралицата Летиција, која за помалку свечени пригоди избра намален и многу ефикасен стајлинг.
Сопругата на шпанскиот крал се појави во едноставни црни панталони и црни балетанки, а носеше и блуза која ја позајми од ќерката Леонор.
Станува збор за бел топ со пуф ракави украсен со впечатлив црн вез, а го потпишува брендот Sfera.
Од друга страна, принцезата позајмила облека од нејзината мајка, а нејзиниот избор паднал на деловен елек Роберто Верино, сиво парче кое Летиција од Шпанија претходно го носела наместо сако.
Инаку, ова не е прв пат кралицата и принцезата да разменуваат модни парчиња. Ниту на Леонор ниту на Софија не им е непознато да позајмуваат еспадрили или облека од својата мајка, додека минатото лето Летиција на еден настан се појави во фустанот на нејзината постара ќерка.
Фото: Youtube - screenshoot/ Инстаграм