Мајли е бесна: „Не го изневерив Лиам, не лажете“
Ова можеби и не е најдраматични расплет поврзан со разделбата на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт. Имено, Мајли на Твитер започна жестока расправија за нивната врска и раскинувањето и луто изјави дека причината за нивната разделба не е изневерувањето.
Откако Лиам поднесе официјално барање за развод на бракот, во медиумите се појавија натписи за тоа дека „тој не е подготвен да ја дели Мајли со некој друг“, потоа дека ја сака и дека сака традиционална врска со нив. А, тоа на многумина им звучеше како таа да го изневерила.
Секако, Мајли не можеше да остане мирна на овие обвинувања па на Твитер напиша:
„Можам да прифатам дека одбрав да живеам живот кој значи дека морам цело време да бидам 100% искрена и транспарентна кон своите фанови кои ме сакаат и секако кон јавноста. Но, не можам да прифатам да ми зборувате дека го прикривам злосторството кое воопшто не сум го направила. Немам што да сокрија.“
I can accept that the life I’ve chosen means I must live completely open and transparent with my fans who I love, and the public, 100% of the time. What I cannot accept is being told I’m lying to cover up a crime I haven’t committed. I have nothing to hide.
— Miley Ray Cyrus (@MileyCyrus) August 22, 2019
Продолжи за тоа дека е свесна за тоа дека некогаш била зависна од лоши работи и дека премногу се забавувала. Исто така призна дека изневерувала во претходните врски, но нејзиниот брак со Лиам не завршил поради некоја трета личност.
„Вистина е дека, кога јас и Лиам станавме сериозни, јас се обврзав. Нема тука никакви тајни. Научив од секое свое дотогашно искуство. Не сум совршена. И не сакам да бидам, тоа е здодевно. Можеби пораснав пред вашите очи, но поентата е дека јас сум - ПОРАСНАТА. Можам да признаам многу работи, но не може да признаам дека мојот брак заврши затоа што го изневерив. Лиам и јас сме заедно цела деценија. Го кажав тоа и порано и ќе го кажам пак, го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам“.
But the truth is, once Liam & I reconciled,I meant it, & I was committed. There are NO secrets to uncover here. I’ve learned from every experience in my life. I’m not perfect, I don’t want to be, it’s boring. I’ve grown up in front of you, but the bottom line is, I HAVE GROWN UP.
— Miley Ray Cyrus (@MileyCyrus) August 22, 2019
Заврши така што кажа дека моментално е посреќна отколку што некогаш била, задоволна е што се спасила од сите пороци и дека можете да ја наречете дека е секаква, но не и дека е лажливка.