Мајли не сака да ги потпише документите за развод: „Ни треба пауза“

Мајли не сака да ги потпише документите за развод: „Ни треба пауза“

Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Пејачката Мајли Сајрус не е подготвена да ги потпише документите за развод од сопругот Лиам Хемсворт, пренесува DailyMail.

Откако пред неколку дена официјално објавија дека ќе се разведуваат по само 8 месеци брак, пејачката сепак одлучи да почека со официјалното завршување на бракот.

Извор за споменатиот медиум откри дека барот одлично „зема здив“ од бракот, но не значи дека ова е конечниот крај на нивната долгогодишна врска.

„Моментално земаа пауза, бидејќи им беше навистина потребна. Се наоѓаа во тешка ситуација со многу несогласувања. Двајцата се сложија дека е подобро да поминат некое време одвоено, но тоа не значи дека нивната врска е потполно готова“  - раскажа изворот и објасни дека парот и претходно имал раскинувања и паузи, но секој пат се смирувале и поради тоа се чека и со потпишување на документите за развод.

Нивниот брак на прв поглед изгледа совршен, меѓутоа пејачката ја изнесе веста за разводот. На социјалните мрежи сподели фотографија на која не го носи венчалниот прстен.

Како причина наведека дека двајцата мора да сконцентрираат на самите себе и на кариерите. Меѓутоа, кавгите наводно започнале уште минатата година и тоа поради планирањето дете и желбата за проширување на семејството.

„Тој сакаше дете и не сакаше да ги одложува плановите за проширување на семејството, но на Мајли тоа не и беше на памет. Срцето му се скрши после тоа“ - изјави извор близок на парот за OK!Australia. Исто така додаде дека Мајли всушност не ни сакаше да се мажи.

Објавена во: Музика, Филм, Семејство

Можеби ќе ве интересира: