Мајли Сајрус го издаде најдобриот албум досега: Слушнете го веднаш
Критичарите се сложија: пејачката порасна...
Мајли Сајрус претстави нов звук на албумот „Plastic Hearts“ и ова е нејзиниот најсериозен проект досега, се сложија критичарите.
Поп ѕвездата кокетира со рок звукот на албумот кој го објави денес, а кој претходно го најави со песните „Midnight Sky“ и „Prisoner“, но и со разните обработнки на хитовите од претходните децении, како „Zombie“, „Communication“ и „Gimme More“.
На албумот гостуваат рок легендите Били Ајдол, Џоан Џет и Стив Никс, додека меѓу младите продуценти се Марк Ронсон, Луис Бел, Едру Ват и Ендру Вајат.
Освен критичарите, албумот им се допадна и на обожавателите, кои ги преплавија социјалните мрежи на пејачката со позитивни коментари.
„Моето пластично срце е преплавено со поддршката која ја примам вечерва! Еодена сум да снимам ваков албум“ - се заблагодари Мајли на Инстаграм.
„На обожавателите кои се со мене од почетокот: не постои начин да ви кажам колку го ценат тоа. На останатите кои некогаш ги сакав или изгубив: БЛАГОДАРАМ.“
Во продолжение слушнете албумот: